(Фото) Јутарњи лист: Имаме нова информација која покажува дека премиер и министер се обидувале да го заташкаат убиството на Денис Тот

t

Јутарњи пишува дека постои брутална пресметка за убиството кое е сомнително и претставува потрес за македонската политичка сцена.

-Сомнителните околности околу смртта на младиот хрватски ракоментар, односно службените изјави за оваа трагедија кои претходеа на резултатите од обдукцијата и кои будат сомнеж за затскривање на случајот, станаа тема на политичка пресметка во С. Македонија. Опозициската ВМРО-ДПМНЕ така ја прозваше и ја обвини владата, односно министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски дека пробувал да го прикрие случајот со убиството на Денис. – пишува хрватскиот дневен весник.

Повикуввајќи се на свиркачот кој го објави убиството на ракометарот, хрватскиот весник пишува дека поседува информации оти премиерот Димитар Ковачевски и министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски се обидувале да го скријат убиството.

Убиство кое МВР и Ковачевски се трудат да го заташкаат, алудирајќи на македонскиот премиер Димитар Ковачевски и министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски.

Во продолжението на текстот, Јутарњи Лист ги објавува тековните препукувања на политичките партии околу убиството на хрватскиот ракометар Денис Тот.

Целиот текст, со насловот дека весникот поседува информација за вмешаност на Ковачевски и Спасовски во заташкувањето на убиството на Тот, можете да го прочитате на следниот линк.

Превод: Вечер.мк

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ