Рама не е вознемирен што Србија се вооружува
Албанскиот премиер Еди Рама не гледа зошто неговата земја би требало да биде вознемирена и загрижена поради вооружувањето на Србија со анти-ракетен одбрамбен систем.
– Не сум вознемирен, ниту загрижен поради вооружувањето на Србија. Не гледам причина зошто да се вознемирувам, засега. Поважно е да го дишеме ветерот на мирот и да го држиме Западен Балкан што е можно пообединет и со помош на нашите стратешки сојузници, како што е Германија. Не гледам зошто системот за противракетна одбрана може да не вознемирува и загрижува нас, изјавил Рама за германски медиуми.
Тој додал дека Србија преземала охрабрувачки чекори во ОН и оти западен Балкан покажал дека е обединет.
– Србија презеде чекори.Презеде охрабрувачки чекори во ОН. А Балканот до сега е заедно. Соработката во регионот е од големо значење поради конфликтот во Украина, оценил Рама.
Меѓу другото тој одговорил и на прашањето за можна посета на Киев велејќи дека со задоволство би ја реализирал доколку дојде ред.
-Има други пред мене кои заслужуваат да го имаат овој протагонизам. Да дојде редот би го направил тоа со големо задоволство. Но, мислам дека не треба да им го земам редот на другите, изјавил тој.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Вероника Консевиќ обезбеди бронза за Македонија во…
Македонија освои уште еден медал на Медитеранските…
Србија набавува офанзивно оружје, тоа треба да…
Европа мора да ја зајакне сопствената безбедност…
Зеленски: Велика Британија и Франција го деблокираа…
Украинскиот Претседателот Володимир Зеленски денес изјави дека…
Елмас официјално претставен во дресот на Аталанта:…
Македонскиот фудбалски репрезентативец Елиф Елмас вечерва на…
Утре без струја делови од Скопје, Тетово,…
Поради планирани зафати на електродистрибутивната мрежа, утре,…