Објавено на:

ЕУФОР: Бесмислена е информацијата дека имаме намера да го уапсиме Додик

t

Командата на ЕУФОР во БиХ соопшти дека се бесмислици и целосно неосновани наводите на некои медиуми од Србија дека ЕУФОР има намера да го уапси српскиот член на Претседателството на БиХ, Милорад Додик.

„Наводите неодамна објавени во весникот Српски телеграф дека ЕУФОР ќе го уапси членот на Претседателството на БиХ Милорад Додик за корупција се глупости и целосно неоснована приказна“, соопшти ЕУФОР.

Тие додаваат дека ЕУФОР останува посветена на поддршката на властите во БиХ во одржувањето безбедна и стабилна средина за населението во земјата.

Безбедносните мерки се подигнати на највисоко ниво, бидејќи полицијата, како што соопшти МВР на РС, од партнерските служби добила информации за можност за загрозување на безбедноста на српскиот член на Претседателството на БиХ, Милорад Додик и неговото семејство.

Се наведува дека неговата безбедност е загрозена „од одредена група“, а наведените мерки ќе останат во сила до целосна проверка на сите факти поврзани со оваа информација.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Филипче: Добро е што Мицкоски сфатил дека…

Лидерот на СДСМ, Венко Филипче преку својот…

Канада ќе обезбеди воена помош за Украина…

Канада објави нов пакет одбранбена помош за…

Мицкоски ја направи Македонија понижена, наместо горда

Мицкоски ветува промени кои наводно ги направил…

Крвав хорор со ножеви во Чаир –…

Во крвава тепачка во која биле користени…

СДСМ: За врховистот Мицкоски, Македонија е кауза…

ВМРО-ДПМНЕ не е никакво продолжение на историското…