Ладен туш од американскиот Стејт департмент: Бугарија има проблеми човековите права, ограничување на слободното изразување и низа други прописти
Бугарија има значителни проблеми со човековите права, сериозни проблеми со независноста на судството, корупција, нетолеранција и ограничувања на слободното изразување, вклучително и закани за насилство врз новинарите и корпоративен и политички притисок врз медиумите во земјата. Тоа е наведено во годишниот извештај на Стејт департментот за човекови права на во Бугарија минатата година. Амбасадата на САД во Софија го објави делот од извештајот кој се однесува на Бугарија.
Како што јави дописникот на МИА од Софија, во извештајот се соопштува за сериозна корупција. Корупцијата, заедно со неефикасноста и недостиг на отчетност, се меѓу причините за ниското ниво на доверба во судството, и покрај тоа што Уставот и законите предвидуваат тоа да биде независно. Во Извештајот се изразува загриженост поради недостигот на судска контрола против одлуката на обвинителството да не покрене истрага и поради влијанието на обвинителството врз Вишиот судски совет на Бугарија.
Американскиот Стејт департмент обрнува вниманието и на податоците за нелегалното прислушување и следење во Бугарија, повикувајќи се на заклучокот на специјалната комисија во Националното собрание за над 900 лица, меѓу кои и политичари, судии и новинари кои биле следени за време на антивладината протести во 2020 година. Извештајот ја разгледува и истрагата за полициското насилство врз демонстрантите.
Во документот се наведува дека независните медиуми биле отворено нападнати од политичари на сите нивоа и биле под административен и судски притисок. Цитирана е изјава од мај 2021 година на поранешниот генерален директор на Бугарското национално радио, Андон Балтаков, кој вели дека законот во земјата фаворизира политичко мешање во управувањето со медиумите преку контролирано финансирање. (МИА)
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Радев до Сиљановска: Бугарија никогаш нема да…
Бугарскиот претседател Румен Радев изјави дека Бугарија…
Драма на небото над Бугарија: Авион на…
Авион на „Луфтханза“ кој полетал од Франкфурт…
Во Бугарија паралелно се одржува и „Софија…
Овогодинешниот „Софија Прајд“, организиран во поддршка на…
УЖАС во Бугарија: 773 возрасни лица починале…
Општина Маглиж, Бугарија, откри застрашувачки податоци за…
Македонските и бугарските историчари повторно не се…
Предлог-препораки за македонските учебници за седмо одделение,…