Петровска од Косово: Мирен, безбеден и стабилен регион е клучен приоритет за Македонија и Косово
Соработка за мирен и безбеден регион, стабилноста на Западниот Балкан е клучен приоритет за Македонија и Косово, објави министерката за одбрана Славјанка Петровска на нејзиниот официјален фејсбук профил.
– На денешната средба со косовскиот министер за одбрана, Арбен Мехај, разменивме мислења за актуелните геополитички предизвици, за придонесот на Македонија во одржувањето на регионалната безбедност и стабилност, вклучително и преку учеството во НАТО мисијата КФОР, напиша Петровска, кој денеска престојува во посета на Косово.
Таа информира дека е потпишан нов Меморандум за соработка, како продолжување на веќе воспоставената соработка што ги опфаќа справувањето со дезинформациите, безбедносната и одбранбена политика, процесот на планирање, програмирање, буџетирање и извршување, медицинската обука и военото образование.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Почина 49-годишен прилепчанец, го удри автомобил додека…
МВР информира дека синоќа околу 21 часот…
Најчевска за Славески: Ги мразам ликовите кои…
Поранешната професорка и граѓанска активистка, Мирјана Најчевска…
Драма на небото над Бугарија: Авион на…
Авион на „Луфтханза“ кој полетал од Франкфурт…
Тие не заслужиле да се изнајми приватен…
Христијан Мицкоски, денеска рече дека владиниот авион…
(Видео) Левица Битола: Шминкерски и неупотребливи проекти…
*Објава на Левица Битола КАТАСТРОФАЛНИ ВЕЛО -…