Постои сомнеж дека пожарот во “Треска” е подметнат
Градоначалничката на град Скопје по пожарот кој избувна во фабриката „Треска“ даде изјава за медиумите и информираше дека пожарот е најверојатно подметнат, а за тоа сведочеле и жителите на таа околина кои велат дека виделе неколку сомнителни лица во објектот.
– Пожарот е локализиран, имаше фантастична реакција на нашата протипожарна бригада. 55 пожарникари беа излезени на терен, работеа и веќе изминатите 2 часа сме тука и она кое што сакам да го кажам е дека од индициите кои што ги имаме најверојатно се работи за пожар кој што е започнат на потегот како што ми спомна командирот, со сомнение дека има лица кои што го подметнале. Тоа е информација која што ја добивме и од соседите кои што живеат тука и непосредно виделе лица кои што има на овој потег, изјави Арсовска за медиумите од местото на пожарот.
Таа додаде дека се надева дека институциите ќе сторат се што е во нивна надлежност, да превземат мерки и да не се дозволи граѓаните да бидат во опасност.
– Она што го добиваме како информација е дека повеќе пати на овој потег се случуваат пожари. Јас сакам да верувам дека ќе се разреши оваа состојба со овој потег тука, меѓутоа и пред се не смее да се дозволи граѓаните на Скопје да се загрозени, нивниот живот и нивното здравје да се загрозени од некој што не е одговорен и кои што превзема постапки кои се на штета на градот и на луѓето.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Велешанец запалил стари седишта од автомобил и…
Основното јавно обвинителство Велес поднесе Обвинителен предлог…
Активни се пожарите во Чашка, Велес, на…
РЦУК Велес, известува дека шумски пожар на…
Емотивен статус на битолскиот пилот на „ер…
Васко Михалчев, еден од пензионираните пилоти на…
Штип бара поддршка од воздух за гаснење…
Пожарникарите, хеликоптерите, припарниците на АРМ и Полицијата,…
Изгаснат пожарот во станот во Ѓорче Петров
Пожарот кој се случи во станбената зграда…