Арсовска: Награда за скопските пожарникари за брзата и ефикасна реакција за гаснење на пожарот во фабриката Треска
Градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска денеска донесе одлука да се додели соодветна награда за скопските пожарникари за нивната брза реакција и ефикасна интервенција при вчерашното успешно справување со огнената стихија во поранешната фабрика Треска.
– Пожарникарите се хероите на нашиот град. Во знак на благодарност за нивната пожртвуваност и високото ниво на професионалност, донесов одлука да бидат соодветно наградени, како одраз на поддршка за заштитата на Скопје и скопјани. Пожарот со кој во текот на вчерашниот ден се соочи противпожарната бригада беше со висок ризик, од голем размер кој тие брзо го локализираа без жртви и повредени. Со експресна реакција и повеќечасовна борба со огнената стихија го локализираа силниот пожар и ги заштитија имотите и животите на нашите сограѓани. Градот Скопје и граѓаните Ви се благодарни – истакна Арсовска.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Власта не се откажува од 78% повисоки…
Целта на ВМРО-ДПМНЕ е да се подобри…
(Видео) Спречен е терористички акт во Австрија,…
Десетици специјалци, членови на тимот Кобра и…
Макрон: Мора да се направи се, за…
Францускиот претседател Емануел Макрон денеска му порача…
Србија ја совлада Грција и ја продолжува…
Актуелните олимписки шампиони, ватерполистите на Србија, се…
Вооружените сили на Русија: Запрено е напредувањето…
Началникот на Генералштабот на вооружените сили на…