Објавено на:

Зеленски предупреди: Можно е Путин да употреби нуклеарно оружје – бидете подготвени!

t

Украинскиот претседател Володимир Зеленски во изјава за Си-Ен-Ен предупреди дека „сите земји во светот“ треба да бидат подготвени за можноста рускиот претседател Владимир Путин да употреби тактичко нуклеарно оружје во војната против Украина.

Во интервју од кабинетот на претседателот во Киев, Зеленски рече дека Путин може да се сврти кон нуклеарно или хемиско оружје бидејќи не ги цени животите на Украинците.

– Не само јас – целиот свет, сите земји треба да бидат загрижени, рече тој. – За нив, животите на луѓето не вредат ништо. И ова веќе не е проблем само за Украина, туку и за целиот свет, оцени украинскиот претседател.

Претходно, во ноќното обраќање до нацијата, Зеленски рече дека Украинците треба да бидат горди што преживеале 50 дена под руски напади. Тој ја нарече руската инвазија апсурдна и самоубиствена. -Издржавме 50 дена. 50 дена руска инвазија, иако окупаторите ни даваа најмногу пет дена, рече тој.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Видео) Вучиќ хит во Кина: 300 милиони…

300 милиони луѓе го гледале интервјуто на…

Данка денес ќе правеше две години: Tажната…

Малата Данка Илиќ, денеска, 6 мај, ќе…

Во Северна Кореја годинава за првпат се…

За првпат откако севернокорејскиот лидер Ким Џонг…

Приведено лице од Долни Дисан поради бегство…

Педесет и седумгодишник од неготинското село Долни…

Над 200 болни и 203 затвореници утре…

Утре стартуваат парламентарните и вториот круг од…