Уште еден коалиционен партнер на Петков откажа послушност: Шамар за Македонија од лидерката на БСП – не можеме да попуштиме

t

Не може да и попуштиме на Македонија. Ова го изјави лидерот на БСП и вицепремиер Корнелија Нинова за Бугарската слободна телевизија. Се додека не се исполни договорот меѓу Бугарија и РСМ, нема да дозволиме да започнат преговорите за членство во ЕУ, рече таа.

Нинова истакна дека имало средби со еврокомесарот за проширување, со претседателката на Европската комисија фон дер Лајен за ова прашање.

– Секогаш од почетокот на овој процес сме кажувале дека го поддржуваме членството на Македонија во ЕУ. Тоа е важно за безбедноста на Балканот, но на ова нема да се согласиме на сметка на бугарскиот национален интерес и додека не се исполнат условите од билатералниот договор меѓу Бугарија и Македонија, додека правата на Бугарите таму се почитуваат, додека не запре говорот на омраза, вистинската историја не се прикаже во учебниците додека не се почитува бугарското достоинство и историски личности, рече таа.

Сè додека не се спроведе договорот меѓу двете земји, ние БСП нема да се согласиме за преговори. Не случајно го поставивме ова прашање како црвена линија во преговорите за влада. Во договорот меѓу четирите партии стои дека ја потврдуваме сегашната единствена позиција на Бугарија, изјави таа.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ИНЦИДЕНТ ВО СКОПЈЕ: Каменуван автобусот на ,,Чкембарите’’…

Инцидентот се случил по 22:00 часот, веднаш…

Повеќе од 1.500 луѓе се евакуирани од…

Повеќе од 1.500 луѓе се евакуирани од…

Поранешниот помошник директор на полицијата за случајот…

Речиси цел месец стотици полицајци, жандарми и…

Стапи во сила законот за мобилизација во…

Во Украина стапи во сила оспоруваниот закон…

„Ѓоковиќ е фаворит за освојување на Ролан…

Ролан Гарос е се поблиску до нас,…