Убедлива победа на Вучиќ и СНС на местата каде денеска имаше прегласување
На дел од избирачките места каде се повторија изборите актуелниот претседател на Србија, Александар Вучиќ и неговата Српска напредна партија постигнаа поубедливи резултати отколку на гласањето пред 13 дена.
Во Србија денес граѓаните повторно гласаа на вкупно 93 избирачки места на претседателските, парламентарните и изборите за Собрание на Град Белград. Републичката изборна комисија (РИК) донесе одлуки за повторување на изборите одржани на 3 април на оние избирачки места каде гласањето е поништено со одлука на надлежните локални изборни комисии. Денеска се повтори гласањето во 54 места за парламентарни и на 35 места за претседателските избори. Кога се во прашање изборите за Собрание на Град Белград, изборите се повтораат на вкупно шест избирачки места, од кои на четири денеска, а на две на 21 април.
Како што дознава „Новости“, во прегласувањето за шеф на државата, Вучиќ освоил 79,01 отсто од гласовите на 34 од 35-те избирачки места каде се прегласувале изборите, а во првиот круг забележал 57,5 отсто.
Прогресивците го зголемија првичниот резултат од 43,6 на 60,5 отсто на повторувањето на парламентарните избори во сите 54 обработени избирачки места.
Во повтореното гласање во Белград, на четири избирачки места СНС „скокна“ од 37,6 отсто на цели 59,4 отсто.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Вероника Консевиќ обезбеди бронза за Македонија во…
Македонија освои уште еден медал на Медитеранските…
Србија набавува офанзивно оружје, тоа треба да…
Европа мора да ја зајакне сопствената безбедност…
Зеленски: Велика Британија и Франција го деблокираа…
Украинскиот Претседателот Володимир Зеленски денес изјави дека…
Елмас официјално претставен во дресот на Аталанта:…
Македонскиот фудбалски репрезентативец Елиф Елмас вечерва на…
Утре без струја делови од Скопје, Тетово,…
Поради планирани зафати на електродистрибутивната мрежа, утре,…