Арсовска на Велигденска миса во Католичката црква во Скопје, им го честиташе празникот на сите верници
Градоначалничката на град Скопје, Данела Арсовска, присуствуваше на Велигденската миса во Католичката црква во Скопје, од каде им го честиташе најголемиот христијански празник на сите верници кои го слават овој празник според Грегоријанскиот календар.
„Вечерва на покана на Монсињор д-р Киро Стојанов, католички бискуп на Скопската бискупија и Струмичко-скопски епарх за Католиците од византиски обред во Македонија, присуствував на Велигденското бдение.
На сите христијански верници кои го прославуваат Велигден според Грегоријанскиот календар им го честитам најголемиот христијански празник Велигден, со желби за добро здравје, мир, хармонија и среќа.“ – напиша Арсовска на својот ФБ профил.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
ДЕНЕСКА Е ТОМИНА НЕДЕЛА: Мал Велигден, една…
Денеска е Томина Недела или Нова Недела,…
Денеска се празнува Светол Понеделник
Откако слугите на првосвештениците израилски го фатија…
Македонците во Белгија го чествуваат Велигден
Со традиционалниот поздрав „Христос Воскресна, Навистина Воскресна“…
Американската и руската амбасада во Македонија го…
Амбасадата на Соединетите Американски Држави и Амбасадата…
Христос Воскресе! За многу години Велигден!
Христос Воскресе! Навистина Воскресе! Редакцијата на Инфомакс…