Денеска попладне Неделков ќе да каже дали подлегнал на притисокот и дали ќе има настава

t

Претседателот на Синдикатот за образование, наука и култура Јаким Неделков од денеска попладне, според претходната најава што ја упати, ќе биде достапен за јавноста и ќе сподели информации дали и утре ќе продолжи штрајкот на просветните наставници, односно во суштина дали ќе има или не настава за учениците, а со тоа и дали подлегнал на притисоците или не.

На последниот состанок во Владата е договорено во наредните денови да се утврди процентот за зголемување на платата кое ќе се испланира и потенцијално реализира со ребалансот на Буџетот, по што учениците од основното и средното образование од понеделник би се вратиле во училишните клупи, а децата од предучилишното воспитување и згрижување во градинките. Дополнително се разговарало веднаш да почне сеопфатен дијалог со активно учество на синдикатот за трајно решавање на континуираниот раст на платите, но сепак ништо конкретно. Предлогот на Владата е само 10 % покачување што е крајно понижувачки.

Проф. д-р Весна Јаневска испрати порака до министерот за образование Јетон Шаќири дека наставниците не го прифаќаат предлогот за 10% покачување на платата.

– Цела Македонија се обединила околу платата на наставниците. Конечно и наставниците праќаат гласна порака дека и тие се значаен чинител во општеството. Наставниците истрајни, Владата сè уште несвесна за тоа што се случува. Обидите за кршење на штрајкот не успеваат, наставниците на притисоците не попуштаат. Министре итно прифатете 18% покачување, затоа што наставата е приоритет, како што и Вие пет дена тврдите, пишува Јанвска на Фејсбук.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Државата беше побавна затоа што мора да…

Нормално е граѓанскиот сектор да биде побрз…

Земјотрес во Македонија

Земјотрес со јачина од 3,8 степени според…

Повеќе од 40.000 туристи се заглавени во…

Будење со звукот на сирените за воздушен…

Левица Градско: Итна еколошка контрола поради загадувањето…

Во центарот на Општина Градско, под плаштот…

Трамп никогаш поостар: Ако го нападне САД,…

Американскиот претседател Доналд Трамп порача дека Иран…