Објавено на:

Хрватски Јутарњи: Скопските дискотеки ги контролира мафијата

t

Хаос и беззаконие е описот на хрватски „Јутарњи лист“ за ноќните клубови во Скопје во рамки на нивните текстови за убиството на Денис Тот.

Мафијата историски отсекогаш се обидувала да го контролира ноќниот живот до одреден степен затоа што им нуди многу придобивки: од нелегалниот пазар на дрога до голем број креативни начини за перење валкани пари-пишува „Јутарњи“.

Весникот се занимава и со сопственоста на диско клубот пред кој беше убиен Тот.

– Иако Стефан Стаменков официјално е наведен како одговорно лице во скопската фирма „Супер лајт парк“, која стои зад дискотеката „Привилиџ“ во скопскиот градски парк.

Покрај таа дискотека, го поврзуваат и со кафулето „Манго“, чии активности сега на својот профил ги објавува неговиот татко Митре Дичевски. Оттука, не е чудно што кога се распрашувавме во Скопје за вистинските сопственици на „Привилиџ“, многу соговорници избегнуваа да одговорат. Фолкерскиот клуб „Привилиџ“ е запечатен со решение на Државниот пазарен инспекторат при Министерството за економија на 12 февруари, бидејќи на Стаменков неможело да му биде врачено решение за затворање на клубот на 16 февруари бидејќи немал важечка лиценца. Иако државниот инспекторат ја има адресата и бројот на мобилниот телефон на одговорното лице! Увидот бил извршен на 13 февруари, кога било констатирано дека фирмата со која раководи Стаменков нема дозвола за работа.

– Секој вечер, од пролет до есен, ноќниот живот се сели во угостителските објекти во скопскиот градски парк, каде на површина од повеќе од 1.000 метри квадратни се наоѓа „Привилиџ“, пред која до смрт беше претепан Денис Тот. Измешани се звуците на турбофолк, техно, секој што мисли дека е важен и сака да биде виден е таму. Но, тоа е и голема сива зона каде законите не постојат и не функционираат. Хаосот и беззаконието на тој простор започна во времето на поранешниот градоначалник Коце Трајановски и продолжи до доскорешниот Петар Шилегов – пишува Јутарњи.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Вероника Консевиќ обезбеди бронза за Македонија во…

Македонија освои уште еден медал на Медитеранските…

Србија набавува офанзивно оружје, тоа треба да…

Европа мора да ја зајакне сопствената безбедност…

Зеленски: Велика Британија и Франција го деблокираа…

Украинскиот Претседателот Володимир Зеленски денес изјави дека…

Елмас официјално претставен во дресот на Аталанта:…

Македонскиот фудбалски репрезентативец Елиф Елмас вечерва на…

Утре без струја делови од Скопје, Тетово,…

Поради планирани зафати на електродистрибутивната мрежа, утре,…