За што се спрема Србија? Повик до сите млади мажи и жени до 30 години да се пријават на доброволно служење на шестмесечен воен рок – ќе добиваат и плата
Министерството за одбрана на Србија ги поканува младите мажи и жени, кои годинава ќе наполнат 19 до 30 години, да се пријават за доброволно служење на шестмесечен воен рок со оружје.
Право на пријавување имаат сите работоспособни граѓани на државата кои во 2022 година ќе наполнат 19 до 30 години, а претходно не го отслужиле воениот рок со оружје, соопшти Министерството за одбрана.
Пријавата за доброволно служење воен рок може да се поднесе во сите експозитури на Поштата Србија, на порталот за е-влада, како и во центрите на Министерството за одбрана – поранешни воени одделенија.
Покрај можноста да го прошират своето знаење, да стекнат нови вештини и да се запознаат со современото оружје и воена опрема, војниците на доброволно служење воен рок ќе добиваат и месечна плата од околу 38.000 динари.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Уапсени се петмина онлајн предатори во Србија:…
Српската полиција денеска спровела голема акција во…
Србин насилно отворил резервоар од охридско „порше“…
ОВР Струга поднесе кривична пријава против М.С.(37)…
Еден месец пред изборите, Вучиќ најави помилувања…
Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, денес објави…
Србија ослободува 5000 тони дизел од државните…
Србија ќе ослободи околу 5000 тони дизел…
Србија отвори фабрика за израелски дронови, Вучиќ…
Српскиот претседател Александар Вучиќ соопшти дека денеска…