Сијарто повтори: Унгарија нема да испорачува оружје во Украина!
Унгарија нема да испорачува оружје за Украина бидејќи сака да избегне инциденти во близина на својата граница слични на оној во близина на Лавов кога руската армија уништи контингент странско оружје испратен за украинската армија, изјави денеска унгарскиот министер за надворешни работи Пјетер Сијарто.
„Најважна работа за нас е безбедноста на Унгарија и ќе направиме се што е можно да спречиме нашата земја да се вклучи во војната“, рече Сијарто на заедничката прес-конференција со неговиот турски колега Мевлут Чауавушоглу во Анкара.
Тој повтори дека унгарската Влада одби да испорача оружје на Украина и не дозволи транспорт на оружје за украинската армија преку нејзина територија, а таа одлука ја оцени како добра, особено во светло на неодамнешниот настан во Лавов.
„Не сакаме слични настани во областите во близина на унгарско-украинската граница населени со етнички Унгарци“, изјави министерот за надворешни работи.
Руското Министерство за одбрана на 18 април објави дека користејќи ракети со висока прецизност нападнале цели во близина на Лавов и го уништиле логистичкиот центар на украинската армија и големи пратки странско оружје што пристигнале во Украина неколку дена претходно од САД и европските земји.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Трамп: Русите можеби имаат амбиции надвор од…
Тој повторно ги истакна нападите на САД…
Лавров: Украина мора да остане неутрална
Русија инсистира Украина, како што е предвидено…
Зеленски на ручек со кралот Чарлс Трети
Претседателот Зеленски се сретна со кралот Чарлс…
Вучиќ: Го запираме целиот извоз на оружје!
Српскиот претседател Александар Вучиќ денес изјави дека…
Кремљ до Белград: Згазивте векови старо братство…
Според прес-бирото на Службата за надворешно разузнавање…