Објавено на:

РУСИЈА ТВРДИ ДЕКА НОЌЕСКА ПОГОДИЛА 1.053 УКРАИНСКИ ОБЈЕКТИ: Уништена е воена опрема, загинале 40 лица

t

Руското Министерство за одбрана тврди дека нивните сили во текот на ноќта погодиле 1.053 украински воени објекти, пренесува Би-Би-Си.

Министерството за одбрана утрово во објава на Телеграм соопшти дека уништило 106 артилериски позиции и соборило шест украински беспилотни летала.

Во извештајот се тврди дека руските сили погодиле 73 воени средства на Украина, меѓу кои: четири командни места; 57 области каде е стационирана воела сила и опрема; седум контролни точки и четири складишта за муниција; шест тенкови и девет оклопни возила и едно оружје со батерии со хаубица Msta-B.

Се додава дека во високопрецизен ракетен напад загинале до 40 лица украински воен персонал и дека се уништени седум единици на воена опрема.

Вооружените сили на Руската Федерација соопштија дека ја продолжуваат „специјалната воена операција во Украина“, како што тие ја нарекуваат инвазијата.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Видео) Македонска Ера Трета Суверенисти обвинува за…

Политичката партија Македонска Ера Трета Суверенисти обвинува…

ДИК: Избирачките одбори да ги почитуваат законите…

Државната изборна комисија (ДИК) апелираше избирачките одбори…

Прославен Денот на победата во Париз, Макрон…

Во Париз денеска, Франција ја прослави 79-годишнината…

Апсење поради дрога на неколку локации во…

Вчера и денеска полицијата уапсила неколку лица,…

Приведен кичевчанец во казино во Охрид, пуштил…

На 07.05.2024 година во 03.00 часот, во…