Објавено на:

Двајца починати, 20 реинфекции – Ова е денешната Ковид статистика

t

Согласно податоците од Институтот за јавно здравје, Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа направени се 1.908 тестови, а регистрирани се 127 нови случаи на КОВИД-19.

Од вкупниот број на позитивни (127), регистрирани се 20 реинфекции.

Регистрирани сe 123 оздравени пациенти, а согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза КОВИД-19 од Мој Термин, дополнително се пријавени две починати лица од Скопје (82г) и Охрид (91г), едно лице е починато во домашни услови и едно во болнички услови, пријавени во период од 02.04 до 12.04.2022 година.

Досега во земјата се направени вкупно 2.000.910 тестирања на КОВИД-19. Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 308.878, бројот на оздравени пациенти е 298.811, на починати е 9.265, а бројот на активни случаи изнесува 802.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ИЈЗ: Шест нови случаи на Ковид-19, постои…

Шест нови позитивни случаи на Ковид-19 се…

За една недела починале 4 лица: Регистрирани…

Во периодот од 9 до 15 септември…

За десетина дена ќе стигне донација од…

Вакцини за заштита од Ковид-19 ќе стигнат…

Две лица починале: Регистрирани се нови 213…

Од 19 до 25 август, тестирани се…

Зголемување над 60 проценти на болни од…

Од 12 до 18 август во државава…