Макрон ги “лови” младите гласач(и)ки со раскопчана кошула – Французите го “тепаат” во коментари
Официјалниот фотограф на Емануел Макрон објави неколку фотографии од „зад кулисите“, и тоа пред вториот круг на претседателските избори во Франција. На една од сликите сегашниот претседател позира во лежерно издание со раскопчана кошула, а во преден план се неговите влакнестите гради…
Според некои медиуми, Макрон со ова сака да ги привлече младите гласачки и гласачи, кои во првиот круг најмногу ја поддржаа неговата противкандидатка, десничарската политичарка Марин Ле Пен.
„Кој би помислил… Макрон има вистински ‘љубовен тепих’ на градите… Победата сега е загарантирана бидејќи ова го открива неговото тајно оружје во пресрет на конечната пресметка“, „Овие влакнести гради се фотошоп“, „Боже, би можел да наполнам душек со тие влакна“ – се само дел од бројните коментари за сликата.
Имаше и такви кои го споредија францускиот претседател и со Шон Конери или Роже Федерер.
Вториот круг од претседателските избори во Франција се одржува на 24 април. (МИА)
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Франција има нова влада по неколкунеделната политичка…
Претседателот Емануел Макрон именуваше нова влада предводена…
Илјадници протестираа низ Франција откако Макрон ги…
Илјадници демонстранти излегоа на улиците низ Франција,…
Францускиот претседател Макрон утре и задутре во…
Францускиот претседател Емануел Макрон утре и задутре…
Макрон: Украина да не се радува премногу…
Францускиот претседател рече дека за време на…
Макрон е подготвен да го обнови дијалогот…
Доколку претседателот Путин има сериозни предлози и…