МОН: Наставниците да ги стават интересите на децата пред личниот интерес
Секој изгубен ден и час од образовниот процес е на директна штета на учениците и никој не може да ги надомести. Затоа, Министерството за образование и наука ја поздравува иницијативата од Советот на СОНК за интензивирање на преговорите за зголемувањето на платите на наставниците, но не и одлуката да се продолжи со штрајк. Неодговорно е да се инсистира на продолжување со прекинот на наставата, во услови кога на наставниците им е понудено решение за раст на платите, соопшти денеска Министерството за образование и наука (МОН).
Еве го во целост соопштението од МОН:
„Разумно е штрајкот да се стави во мирување, а синдикатот да продолжи со преговорите, сѐ до постигнувањето на решение прифатливо за сите страни. Во спротивно, СОНК ќе биде единствениот одговорен за непоправлива загуба на учениците и на родителите.
Ги повикуваме наставниците да почнат повторно да делуваат во најдобар интерес на децата и да се вратат на настава. Зголемување на платите во образование ќе има, како што имаше и во изминатите 5 години. Понудено е зголемување за 10 % кои ќе се обезбедат со ребалансот на Буџетот. Тоа значи повисоки плати на наставниците за 2.500 денари месечно. Понудивме и методологија со која ќе обезбедиме континуиран раст на платите и трајно решавање на социјалниот статус на вработените во образование.
Да потсетиме дека претходно, низ партнерски дијалог беше постигнато зголемување на платите на наставниците од 21 %. Со ова зголемување платата на наставник/чка во основно образование е порасната за над 3.200 денари плус минат труд и сега е најмалку 24.786. На наставник/чка во средно образование зголемувањето е над 4.300 денари плус минат труд и просечно платата е 25.874.
Наставници, ставете го интересот на децата пред својот личен интерес. Местото на учениците е во училиште. Правото на образование на секое дете е уставно загрантирано право“, се вели во соопштението од министерството.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
МОН ќе чека да заврши кривичната постапка,…
Од Министерството за образование и наука денеска…
МОН: Семејствата на повредените кои се наоѓаат…
Министерството за образование и наука информира дека…
„Вие сте одговорни, од вас зависи“ порачаа…
Пред Министерството за образование на Србија се…
МОН дава финансиска поддршка за студирање на…
Студентите кои ќе се запишат на додипломски,…
Ученици поправале оцени во е-дневник, МОН бара…
Упад во системот на електронскиот дневник, кој…