(Видео) Јакимовски: Да не се чудиме утре ако и Ванчо Михајлов треба да го пееме во новата химна

t

Во денешната епизода на “Тешки муабети” се зборуваше за отварањето на бугарскиот клуб во Битола кој носи скандалозно име, “Ванчо Михајлов”.

Стевче Јакимовски предупреди да внимаваме, да не дојде време и Михајлов да биде дел од македонската химна.

“Се чувствувам како жаба со отсечена глава кога и пипкаат по нервите и таа со нозете мрда, сега по нашите нерви пипкаат да видат дали останало малку македонизам кај нас.

Доаѓа Јотова и вика нема Македонци во Бугарија, се отвара бугарски клуб со скандалозно име “Ванчо Михајлов” и никому ништо.

Ванчо Михајлов е фашист, сам има изјавено дека го убил Тодор Александров, тој или ликвидирал или наредил ликвидација на многу наши дејци. И да не се чудиме во новата химна што ќе се прави да си го пееме и Михајлов… Не се чудете ако и тоа се случи, натаму оди ова лудило.” – рече Јакимовски.

Следете ја емисијата во живо на следниот линк:

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ