Сојузот на средношколците со апел до Владата и СОНК: Договорете се побрзо, ние трпиме

t

Сојузот на средношколците јавно ги повика Владата и Синдикатот за образование, наука и култура, што побрзо да склучат договор со цел намалување на штетата која ја трпат учениците.

Средношколците апелираат на интензивирање на преговорите меѓу власта и синдикатот, а бараат и да бидат вклучени во изнаоѓањето на решенија за надоместување на пропуштениот материјал.

„Учениците веќе имаат пропуштено цели две работни недели од редовниот образовен процес. Потсетуваме дека станува збор за генерација која веќе изгуби цела учебна година со неквалитетна онлајн настава, а дополнително пак и други две недели со продолжувањето на зимскиот распуст. Со ваквата поставеност на работите, средношколците веќе три години се вон нормалниот образовен процес“, велат од Сојузот на средношколците.

Според нив, и Владата и СОНК се одговорни за загубата на наставата во изминативе две недели, односно одговорни да најдат решение во интерес на средношколците. Средношколците прашуваат дали некој во земјава воопшто мисли на нив и нивните права и интереси и дали го слуша нивниот глас. Велат дека губењето на настава е особено проблематично за матурантите бидејќи кај многумина од нив има голема шанса да се пробијат државните рокови, кои пак негативно ќе им се одразат на амбициозните матуранти кои сакаат да студираат во странство. На пример, рокот за полагање на проектната задача истекува на 21 април, па затоа инсистираат на итно решавање на проблемот.

Нивна клучна заложба останува зголемување на буџетот за образованието како дел од бруто домашниот производ, т.е. да се одвојуваат 5 отсто од БДП за образование согласно со европскиот просек.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

СКАНДАЛ ВО ПОЛСКА: Пронајдени уреди за прислушкување…

Полската државна служба за заштита (СОП) заедно…

Избрана новата Влада на Србија

Пратениците на Собранието на Србија попладнево ја…

Ковачевски: Неколку функционери од ДУИ фрлија сенка…

Несоодветното однесување на неколку функционери од ДУИ…

Села: Прво уставни измени па формирање влада

Лидерот на Алијанса за Албанците Зијадин Села…

Бектеши: Не влегуваме во влада која нема…

Европскиот фронт има договор со албанската опозиција…