Катерина Колозова: Ванчо Михајлов е фашист ама и македонист – единствено тој бил недвосмислено за независна Македонија

t

Професорката Катерина Колозова вечерва во дебатниот магазин „Click Plus“ на ТВ21 истакна дека Ванчо Михајлов е фашист и нацист, но и македонист.

„Ванчо Михајлов е македонист, за жал тој е фашист и соработник на нацистите, но е македонист. Од сите дејци на ВМРО, Ванчо Михајлов е единствениот кој бил недвосмислено за независна Македонија“, вели Колозова.

Според неа, Бугарите не го сакаат Михајлов.

„Тој е фашист и нацист, и јас нашите македонски Бугари и тие основачи на клубот би ги осудила, а не Петков. Според мене, Петков се има едноставно лизна. Го вика друштво на македонски Бугари, сака да покаже дека се грижи за нив и се залетува, се лизнува и оди во клуб“, вели Колозова.

Извор: Фокус

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ