Објавено на:

Вучиќ: Плаќаме преголема цена што не воведовме санкции за Русија

t

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ изјави дека Србија е единствената земја во Европа која не вовела никакви рестриктивни мерки против Руската Федерација и дека тоа „без никаква сомнеж“ и создава многу проблеми, јави дописникот на МИА од Белград.

-Дали таквиот став ни носи проблеми? Нема сомнеж, многу проблеми, од финансиски инвеститори до многу други. Нема сомнеж дека плаќаме многу висока цена, изјави Вучиќ на прес-конференција во Белград.

Осврнувајќи се на нацрт-резолуцијата на Европскиот парламент со која новоизбраните власти во Србија се повикуваат да воведат санкции кон Русија, Вучиќ кажа:

-Ние нив многу ги почитуваме, страшно ни се важни, но не се лутете, многу поважни ни се граѓаните на Србија и српскиот парламент, кажа тој.

Доколку биде усвоена резолуцијата на Европскиот парламент, претседателот на Србија, одговарајќи на прашање на новинарите изјави дека ќе ја земе на знаење, но дека ќе се раководи со интересите на Србија.

-Да воведовме санкции кон Руската Федерација, ќе бевме најдобрата демократија во светот, ќе скокневме за 713 места, иако нема толку многу земји во светот. Истиот ден кога ќе го направиме тоа, ќе има вонреден извештај за Фридом Хаус и за сè останато, кажа Вучиќ.

Тој додаде дека извештајот на Фридом Хаус е „една од алките во синџирот на притисок врз слободните и суштински демократските земји“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Пендаровски: Очекувам пресврт во вториот круг на…

Претседателскиот кандидат Стево Пендаровски вечерва во интервју…

ОЕЦД ја зголеми прогнозата за глобалниот раст…

Организацијата за економска соработка и развој (ОЕЦД)…

Зеленски: Првиот мировен самит за Украина е…

Првиот мировен самит за Украина, кој ќе…

Британскиот МНР Камерон: Украина има право да…

Според британскиот министер за надворешни работи Дејвид…

Избрана новата Влада на Србија

Пратениците на Собранието на Србија попладнево ја…