Институтот за проучување на војни ИСВ: Напредокот на руските сили во Украина е незначителен
Американскиот тинк-тенк кој ги следи конфликтите во светот, Институтот за проучување на војни ИСВ, ја објави најновата анализа за ситуацијата во Украина во која наведува дека иако руските сили направија пробив со нивната офанзива на источна Украина, сепак тие не покажаа нова способност за поуспешни истовремени напредувања.
Големите загуби во редовите на нивните сили, слабата координација но и силниот отпор од страна на украинската армија се дел од истакнатите точки во извештајот на ИСВ.
Истражувањето на американскиот институт наведува дека и официјална Москва оствари помали профити, окупирајќи делови од клучните градови Рубижне и Попасна. Но, руските сили не постигнаа никаков голем напредок ниту покажаа способност за поуспешни, истовремени напредувања.
– Русија постигна постепен напредок во опколениот град Мариупол, вклучително и напредок против преостанатите украински бранители во фабриката за челик Азовстал. Москва во исто време ги објави плановите за парада на Денот на победата на 9 мај во Мариупол, истакнувајќи дека руските сили ќе прогласат победа во градот најдоцна до тој датум – наведува Институтот.
Во документот објавен во неколку страници се посочува и тоа дека украинските сили, исто така, пријавиле присуство на мал број сириски или либиски платеници кои се борат во Попасна, веројатно регрути кои се борат под покровителство на Вагнер групата.
Од друга страна Алексеј Полшчук, висок функционер на руското Министерство за надворешни работи, во светлост на случувањата коментира дека Русија ќе ја прекине „Специјалната воена операција“ тогаш кога НАТО ќе престане да ја користи украинската територија за да и се заканува на Русија. Тој ги наведува четирите услови за прекин на војната во Украина.
„Специјалната воена операција ќе заврши кога ќе се исполнат нејзините задачи. Меѓу нив се заштитата на цивилното население на Донбас, демилитаризацијата и денацификацијата на Украина, како и отстранувањето на заканите за Русија кои доаѓаат од украинската територија поради нејзината окупација од НАТО“, вели тој.
Дипломатот додаде дека операцијата „се одвива според планираното“ и дека „сите нејзини цели ќе бидат остварени“.
Извор: Слободен печат
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Нигеp ги пpекинува дипломатските односи со Укpаина
Нигер ги прекинува дипломатските односи со Украина…
Украина ја засилува својата ракетна програма, Зеленски…
Украина издвојува дополнителни средства за својата ракетна…
„Њујорк Тајмс“: Иран бара од Русија напредни…
Иранската влада побарала од Русија напредни радари…
ЕУ исплаќа 4,2 милијарди евра финансиска помош…
Земјите од Европската унија денеска ја одобрија…
Кулеба ќе ги убедува африканските држави да…
Украинскиот министер за надворешни работи, Дмитро Кулеба, ќе…