Ги мобилизираа и Обединети Нации против штрајкот: Наставниците имаат право на штрајк, но тоа да не влијае на наставата, порача Ди Џовани

t

Наставниците имаат законско право на штрајк, но апелирам да се изнајде алтернативен начин да се штрајкува, кој нема да влијае на наставата на децата, затоа што децата мора да бидат во училишните клупи, истакна претставничката на УНИЦЕФ, Патриција Ди Џовани на денешната прес-конференција одговарајќи на новинарско прашање.

– Сакам да ги поддржам наставниците во нивните законски права да бараат подобар стандард, поголеми плати но ова никако не може да биде врз грб на учениците кои и така поради пандемијата изгубија многу од наставата, додаде ДиЏовани.

Таа напомена дека УНИЦЕФ нема да го коментира штрајкот на наставниците, но како што рече, убаво би било да се најде иновативен начин со кој нема да бидат засегнати децата, додаде Ди Џовани.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Еден од најблиските луѓе до Путин: Нема…

Рускиот ултраконзервативен идеолог Александар Дугин го критикуваше…

„Цаци, готова си“: Закана кон пратеничката Славјанка…

Доцна синоќа околу 23 часот пред зградата…

Американски извори за Ројтерс: Иран се подготвувал…

Иранската војска минатиот месец натовари подводни мини…

Потпретседателот на САД, Џеј Ди Венс ја…

И покрај поделбите во редовите на Републиканците…

Арсовска и пиша на Агелер: Не ви…

Добро утро Амбасадорке Агелер, среќен нека е…