Ќе удрат кај што најмногу боли, ќе ве натерат да клекнете: Мојсовски ги крена на нозе наставниците

t

На образованието кое е потпорен столб на секое општество. Апсолутно не дозволувајте да ве користат, да ве гледаат како Ништо како што е досега. Видете во сите земји (па и Западни кон кои толку се стремите) и направете споредба меѓу стандардот и професорската плата!, наведува во Фејсбук статус Боби Мојсовски, пејач и дигитален маркетер.

И драги мои професори кои ме научивте да се борам, да успевам, да растам во кариера и постојано да учам за напредок – ве молам сега вие погледнете на нас – Milennials. Прст не би помрднале ако не не’ платат.

Од моето тригодишно искуство како дигитален маркетер, 8 годишно искуство како гејм девелопер и работа со многу странски клиенти надвор од Македонија, една работа што научив е да си го цените времето. ВРЕМЕТО е ПАРИ. Секоја работа, дури и НАЈМАЛА УСЛУГА (ај прати еден мејл) СЕ ПЛАЌА. Минутите неплатени кои ги земаат од вас се минути од животот, минути подалеку од вашата фамилија, вашите пријатели.

Додека учев маркетинг и продажба, научив уште една работа која ЗНАЕВ дека ќе ја искористат против вас:

Ќе ве обвинуваат, ќе удираат по вашата сентименталност, вашите чувства, онаму кај што најмногу боли само за да ве натераат да клекните. Гледајте низ превезот! Се’ е психологија. Ако нив им беше гајле за децата немаше да трошат толку пари на глупости како прибори за храна, патни трошоци и вазелини. Или пак сите други пари од даноци, “за патишта” кога регистрирате кола – а од тие пари ништо немаме видено (автопатот 100 години што се прави, а во Индија – 5 км. автопат во 24 часа – видете на Гугл).

Додека светот плаќа за најситна работа и за тоа што ви го трошат времето за вашата експертиза и знаење, кај нас ви трубат цело време “Парите не се се’ во животот” додека тие ја гледаат секоја можност да украдат нешто и да се здобијат со уште пари и среден финансиски живот.

Ако професорите не беа совесни, не ќе беа во оваа ситуација! Напротив, трпеа толку многу со години што мораше да пукне. Размислете! Сите поминуваме низ образованието! Професорите се тие што не само што ни го даваат знаењето туку не учат на вештини и навики кои ни овозможуваат подобар живот, иднина и не градат во успешни личности, посочува пејачот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Драматични слики од Грција: Пожарот зафати околу…

Пожарникарите во Грција повеќе од 24 часа…

ЕУЛЕКС: Ја следиме безбедносната ситуација во Косово

Мисијата ЕУЛЕКС, во согласност со својот мандат,…

Зеленски: Киев ги зазеде областите од каде…

Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека Москва…

Исчезна девојка од Скопје, имала здравствени проблеми

На 11.08.2024 во 14:00 часот во Полициската…

Инцидент во Центар: Прво се карале меѓусебе,…

Вчера во 11.30 часот во Скопје, на…