Обвиинтелката Стефанова бара поголеми казни за Груевски и Мијалков за “Плацови на Водно”

t

Казните изречени за обвинетите Никола Груевски и Сашо Мијалков за случајот „Плацови на Водно“ се ниски, изјави обвинителката Лиле Стефанова, која го водеше случајот. Таа вели дека за неа од особена важност е конфискацијата на имотот.

Бегалецот во Унгарија, експремиерот Груевски, e осуден на казна затвор од 7 години, а неговиот братучед и поранешен прв човек на УБК, Сашо Мијалков, доби една години и три месеци затвор за случајот „Плацови на Водно“, односно за тајниот имот на експремиерот. На помала казна, од една година затвор, е осуден бизнисменот Орце Камчев , а кумот на Груевски, Ристо Новачевски, е осуден на условна казна затвор од две години. Меѓу обвинетите беше и Ненад Јосифовиќ, кој исто така доби условна казна од две години, како и Ратка Камчева, која се ослободува од вина, бидејќи нејзиното кривичното дело е застарено.

Според обвинителката, трите луксузни стана во ‘Панорама резиденс’, двата стана на ‘Бихаќка’, во кои живеел Груевски, а сега живее неговото семејство, градежното неизградено земјиште на Водно од 2.700 квадратни метри, имотот во Крушево и земјиштето што беше конфискувано во моментот според пазарната вредност вредат околу три милиони евра.

„Со пресудата целосно се потврди тезата на Обвинителството дека обвинетиот Никола Груевски и другите обвинети го сториле кривичното дело перење пари, а Груевски и делото противправно стекнување и прикривање имот. Сметам дека Обвинителството во овој случај понуди и беа изведени квалитетни докази, од кои во целост се докажа диспозитивот на обвинителниот акт. Во однос на Никола Груевски се покажа дека додека бил премиер, дејствувал коруптивно, стекнувал имот, чие потекло го прикривал, не го пријавил во својот анкетен лист. А исто така се докажа и во целост дека во 2012 година, преку фирми, офшор-компании со сложена шема, која денеска судот целосно ја образложи, за себе купил имот во Македонија со незаконски парични средства“, рече Стефанова.

Обвинителката посочи дека дел од казните е правилно одмерен, а за дел, по писмената пресуда, ќе се одлучи дали ќе има жалби.

„Овде мислам за казните кон Никола Груевски и Сашо Мијалков. Барам поголеми казни. Сметам дека за обвинетиот Никола Груевски за кривично дело за кое е предвидена казна затвор од една до 10 години, казната затвор од пет години е ниско определена. За сето тоа ќе се произнесеме кога ќе ја добиеме пресудата“, додаде Стефанова.

Извор: Слободен печат

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ДОБРА ВЕСТ! Младиот Никола ја победи болеста!

Во објава на својата официјална страна на…

Арсовска најави голема акција за пошумување на…

Градоначалничката на Град Скопје заедно со екипи…

Нова спасувачка акција на Водно

Денеска, доцна попладне, по известување на Единствениот…

Петмина турски државјани евакуирани од Водно –…

ЦУК: Пет лица, турски државјани, изгубени откако…