Уапсен охриѓанец – Се заканувал на странски амбасадор во земјава
Полициски службеници од Единицата за насилен криминал – Одделение за насилен криминал при СВР Скопје, попладнево го лишиле од слобода Р.Б., со живеалиште во село во охридско, поради постоење основи на сомнение дека сторил кривично дело „загрозување на сигурноста“.
Постапувајќи по пријава од 14 април 2022 година, според која едно лице телефонски упатило закани по животот на амбасадор во странска амбасада во земјава, беа преземени мерки и активности од страна на полициски службеници, при што е утврден идентитетот на лицето, тоа е најдено и приведено – соопштија од МВР.
Оттаму информираат дека во координација со јавен обвинител од ОЈО Скопје, денеска за ова лице е поднесена кривична пријава за кривично дело по член 144 став 3 од Кривичниот законик.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Пратеници од Левица остварија средба со францускиот…
ПРАТЕНИЦИ ОД ЛЕВИЦА ОСТВАРИЈА СРЕДБА СО ФРАНЦУСКИОТ…
Италијанскиот амбасадор: Пречките меѓу Бугарија и Македонија…
Пречките кои во моментов ги имаат Бугарија…
Јордан го повлече својот амбасадор од Израел
Јордан го повлече својот амбасадор од Израел…
Северна Кореја сепак ќе ја снабдува Русија…
Северна Кореја одлучи да почне да ја…
СРАМОТА: Охриѓанец ја нападнал 55-годишната мајка
МВР информира дека синоќа во 21.30 часот…