Објавено на:

Софија навредена: Македонски политичари, партии, научници ја изедначуваат Бугарија со фашизмот – изненадени сме од македонските власти

t

Повторно сведоци сме на говор на омраза во Македонија против Бугарија, кој е поттикнат од парламентарните политички партии, медиумите и претставниците на академската заедница, се наведува во ставот на бугарското Министерство за надворешни работи, по реакциите во земјава за контроверзното отворање на клубот „Ванчо Михајлов“ во Битола, на кое присуствуваа високи политичари од Бугарија.

Бугарското МНР соопшти дека е изненадено од, како што вели: „силниот став на претставниците на властите во Република Северна Македонија и антибугарската кампања спроведена во медиумите во нашата соседна земја“.

„Особено загрижува фактот што се прават обиди Бугарија и бугарскиот народ неоправдано да се изедначат со фашизмот. Ширењето на тенденциозни погрешни толкувања на историјата е токму една од причините поради која имаме Договор за соседство и формираме Мешовит комитет за историски прашања. Очигледно е дека треба да направи вистински напредок за чувствителните теми од нашата заедничка историја“, потенцираат од тамошното МНР.

Оттаму потсетуваат дека културниот центар „Иван Михаилов“ е регистриран според барањата на локалната македонска законска регулатива од 2019 година.

Од бугарската дипломатија нагласуваат дека официјална Софија ќе продолжи да ги прави сите неопходни напори, во согласност со меѓународното право, за поддршка и заштита на Бугарите во Македонија.

„Од одговорните фактори во нашата соседна земја очекуваме конструктивен придонес во тековниот процес за враќање на довербата и градење поволна средина за Бугарите во Северна Македонија, како и за секој кој сака да развие пријателски односи со Бугарија“, се вели во соопштението.

„Во последните месеци бугарската држава направи значителни напори за промовирање на позитивна клима во билатералните односи, вкл. преку иницирање формати за засилен развој на секторската соработка. Во отворен дух, Бугарија ќе продолжи отворено да работи на градење вистински добрососедски односи, но и да се потпира на своите партнери во Северна Македонија“, додаваат од министерството, според бугарските медиуми.

Извор: Слободен печат

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Унгарскиот МОЛ сака да ја купи рафинеријата…

Унгарската компанија за нафта и гас МОЛ…

Двајца Македонци фатени со 137 килограми марихуана…

Двајца државјани на Македонија се приведени на…

Љубчо Георгиевски на свое барање се сретнал…

Бугарскиот претседател Румен Радев го примил во…

Бугарскиот пазар полуде: Се нуди паркинг место…

Гаража или паркинг место за автомобил во…

Македонската кујна на 47. место меѓу најдобрите…

Популарниот гастрономски портал за храна и патувања,…