Објавено на:

Данска ги укинува државните стипендии за студентите од Русија и Белорусија

t

Данските студенти кои студираат во Русија или Белорусија повеќе нема да имаат право на дански државни стипендии, одлучи денеска парламентот во Копенхаген.

Според данскиот закон, граѓаните на таа земја имаат право на финансиска поддршка за време на нивните студии, без разлика каде се школуваат.

Смислата на тој систем е да им се овозможи на сите да студираат, без разлика на нивната финансиска состојба, односно студентите да не мора да работат за време на студирањето.

Годинава добиваат 6.397 круни (860 евра) бруто месечно, но од таа сума треба да плаќаат данок.

Денеска пратениците одлучија студиите во Русија и Белорусија да бидат исклучени од таа програма до 1 јануари 2024 година.  (МИА)

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Зеленски: Можна е средба меѓу Украина, САД…

Украина, Соединетите Американски Држави и Русија би…

Трамп ги замрзна санкциите кон Русија

Претседателот на САД, Доналд Трамп, го стопираше…

Украина нападна руска радарска станица вредна околу…

Украинските одбранбени сили синоќа нападнаа руска радарска…

Руските власти го уапсија главниот уредник на…

Уредникот на рускиот независен медиум „Новаја Газета“,…

Руте разговарал со Зеленски за важноста од…

Генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, изјави…