Објавено на:

Познат косовски новинар: Бериша сака голема криза и дестабилизација на Албанија

t

Познатиот косовски новинар и публицист Батон Хаџиу изјави дека поранешниот албански претседател и експремиер, Сали Бериша, се обидува да ја дестабилизира Албанија.

Гостувајќи во емисија на Еуроњуз Албанија, рече дека Бериша „сака да предизвика голема криза на политичката сцена” која би довела до дестабилизација.

– Сака битка на чие чело ќе биде тој и да предизвика голема криза. Бериша е свесен дека голема криза се предизвикува само ако тој стане претседател на Демократската партија( ПД). Бериша ја сака моќта против Еди Рама и ќе има преговори со Илир Мета за да и го скратат животот на владата, смета тој.

Политичкиот аналитичар и публицист Анди Бушати смета дека Бериша е должен да се однесува како претседател на ПД, иако изборите во партијата сеуште не се одржани.

Според Бушати, Бериша не се соочува само со премиерот Рама, туку и со САД и противничката група во ПД.

– Бериша е осуден да се однесува на ваков начин.Има луѓе кои тоа го оспоруваат во партијата но не се нормални предизвикувачки.Тие се како коалиција, противници поддржани од Американците и владата, смета Бушати.

Бериша, кој до 2013 година беше лидер на ПД, не ги крие амбициите дека сака повторно да застане на чело на партијата, која по оставката на лидерот Љуљзим Баша, моментно е со вршител на должноста.

Стејт департментот, како и Рама се произнесоа дека нема соработка со ПД доколку лидерската функција ја преземе Бериша, кој во мај минатата година е прогласен за непожелна личност за САД поради вмешаност во корупција.

Извор: МИА

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Општините и училиштата нетранспарентно ги издаваат спортските…

Спортските објекти се издаваат на користење на…

Сали: Се додека секојдневно добиваме бројки од…

Се додека секојдневно добиваме бројки од 80…