На раб на нов кофликт: Јапонија ја обвини Русија за окупација на четири острови
Првпат по скоро две децении, Јапонија ја обвини Русија за незаконска окупација на четири спорни острови. Односите меѓу двете држави се нарушени поради руската воена операција во Украина.
Островите што Москва ги вика Курили, а Токио Северни Територии се под контрола на Русија, но Јапонија полага право на нив.
„Најголемата грижа во односите со Русија се Северните Територии, кои се јапонски територии моментално незаконски окупирани од Русија“, стои во годишниот дипломатски извештај на јапонското министерство за надворешни работи.
Јапонија последен пат ги опишала овие острови како незаконски окупирани во 2003 година.
Двете земји сè уште немаат потпишано мировен договор за крај на Втората светска војна и Јапонија вели дека преговорите се во застој поради војната во Украина.
Минатиот месец, Русија кажа дека ги прекинува разговорите откако Јапонија ја осуди инвазијата и воведе санкции за Москва.
-Островите се неотуѓив дел од Руската Федерација – изјави портпаролот на Кремљ, Дмитри Песков.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Русија изгубила речиси милион и пол војници…
Русија изгубила околу 1.474.030 војници во Украина…
Најмалку девет загинати во руски ракетен напад…
Најмалку девет луѓе загинаа, а 33 се…
Новак: Поради украинските напади врз рафинериите, Русија…
Русија почна да увезува горива за домашниот…
Федоров: Наскоро ќе можеме да ја гаѓаме…
Украина во следните три до шест месеци…
Киев продира стотици километри во руската територија,…
Украинското Министерство за одбрана соопшти дека украинските…