Објавено на:

Пред финалниот дуел, Макрон со стабилна предност пред Ле Пен

t

Кандидатите во вториот круг од претседателските избори во Франција, центристот Емануел Макрон и лидерката на екстремната десница Марин Ле Пен, го има последниот ден од кампањата пред вториот круг од претседателските избори.

Според последните анкети, Макрон, кој би освоил 54 до 56,5 отсто од гласовите, е на пат да добие втор мандат и да остане во Елисејската палата уште пет години.

Неговиот реизбор би бил големо олеснување во Франција, но и за светот, каде се стравува дека екстремната десница ќе го преземе раководството во светска сила како Франција, која е членка на Советот за безбедност на ОН и држава со нуклеарно оружје.

Лидерите на Германија, Шпанија и Португалија неодамна повикаа на избор на „демократски кандидат“ во Франција, а многу функционери ширум светот не би сакале да бидат сведоци на популистичките пресврти како Брегзит или изборот на Доналд Трамп во САД.

Во првиот круг од претседателските избори, одржан на 10 април, повеќе од 30 отсто гласаа за екстремната десница, 23,25 отсто за Ле Пен и 7,07 отсто за Ерик Земур.

По пет години на чело на земјата, Макрон предизвика незадоволство кај Французите поради различни кризи, од граѓанското движење „Жолти елеци“ до епидемијата на коронавирус и војната во Украина.

Според истражувањето на Центарот за политички истражувања на престижното училиште Сиан По во Париз, 38 отсто од гласачите на Марин Ле Пен изјавиле дека ќе гласаат за неа само за да го блокираат понатамошниот пат на Макрон.

Извор: Фокус

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Вучиќ разговараше со Макрон: Србија е посветена…

Српскиот претседател Александар Вучиќ разговараше телефонски со…

Макрон: ЕУ не го искористи својот пазар…

Францускиот претседател Емануел Макрон изјави дека Европската…

Франција има нова влада по неколкунеделната политичка…

Претседателот Емануел Макрон именуваше нова влада предводена…

Илјадници протестираа низ Франција откако Макрон ги…

Илјадници демонстранти излегоа на улиците низ Франција,…

Францускиот претседател Макрон утре и задутре во…

Францускиот претседател Емануел Макрон утре и задутре…