Објавено на:

Има и жртва во синоќешниот земјотрес во Босна

t

– Една девојка загина во синоќешниот земјотрес во Бих кога голема карпа паднала врз нејзината куќа во Столац, Босна и Херцеговина.

Таа била донесена во болницата во Мостар во тешка состојба и докторите не можеле да и го спасат животот. Нејзините родители биле полесно повредени.

Силен земјотрес синоќа ја погоди БиХ во 23 часот и седум минути, а епицентарот на потресот бил во Херцеговина, на 15 километри од Столац. Хрватската сеизмолошка служба информира дека земјотресот бил со јачина од 6,1 степени, а ЕМСЦ тврди дека земјотресот бил со јачина од 5,8 степени. Во наредните часови регистрирани се повеќе помали потреси.

Освен во Столац, пријавена е и материјална штета во Мостар каде што се урнал оџак, како и во Љубиње и Чапљина.

Корисниците на социјалните мрежи објавија и фотографии од помали одрони на некои патишта во Херцеговина кои наводно биле предизвикани од потресот.

Синоќешниот земјотрес со епицентар во БиХ е почувствуван и во Северна Македонија, Црна Гора, Хрватска, Србија, Словенија, Италија и Албанија.

По него, регистрирани се неколку помали земјотреси со епицентар во БиХ.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Зеленски: Велика Британија и Франција го деблокираа…

Украинскиот Претседателот Володимир Зеленски денес изјави дека…

Елмас официјално претставен во дресот на Аталанта:…

Македонскиот фудбалски репрезентативец Елиф Елмас вечерва на…

Утре без струја делови од Скопје, Тетово,…

Поради планирани зафати на електродистрибутивната мрежа, утре,…

Косово разоткри и обвини српски шпион на…

Специјалното обвинителство на Косово поднесе обвинение против…

Пожари и натаму беснеат во пет општини…

Пожари и денеска се активни во пет…