Пентагон бара од Индија да ги напушти заедничките одбранбени активности со Русија
Соединетите Американски Држави побараа од Индија и другите земји да ги напуштат заедничките одбранбени активности со Русија, објави Тајмс оф Индија, цитирајќи го портпаролот на американското Министерство за одбрана Џон Кирби.
– Јасно и ставивме до знаење на Индија и на другите земји дека не сакаме да се потпираат на Русија за нивните одбранбени програми, рече тој. Кирби додаде дека САД ја ценат воената соработка со Индија. – Бараме начини за дополнително зајакнување, рече портпаролот на Пентагон.
Претходно, САД ја предупредија Индија на „сериозни ризици” доколку го зголеми купувањето нафта од Русија. Во спротивно, Индија може да се соочи со сериозни последици, велат смерикански претставници. Од 24 февруари, нафтените рафинерии во Индија го зголемија купувањето на руски суровини по намалени цени. Купувале 13 милиони барели месечно наспроти 16 милиони барели за цела мината година.
Превод: Слободен печат
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Рубио: Русија и Украина се заинтересирани за…
Американскиот државен секретар Марко Рубио денеска изјави…
Рубио: Гренланд ќе биде првата линија на…
Военото присуство на САД на Гренланд ќе…
Трамп: Америка се врати и ѝ оди…
Американскиот претседател Доналд Трамп денеска пред Генералното…
Иран само во септември заработил повеќе од…
Приходите на Иран од продажба на нафта…
Трамп промовира „масовен“ договор со Белорусија за…
Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека Вашингтон…