Траги-комично: Владата ја тргна железната ограда за да “се опколи” со полициска
„Оградата околу Владата која беше поставена од страна на поранешниот премиер Никола Груевски беше отстранета по доаѓањето на власт на Зоран Заев, бидејќи, како што рече тој – Владата е на сите и треба да биде отворена. Меѓутоа, веќе неколку месеци, Владата наместо со железна, е опколена со полициска ограда“, вели репортерката на ТВ21.
Но, сегашната Влада го прави спротивното од оваа изјава, а на прашањето зошто полициската ограда веќе со месеци стои тука, ни одговорија кусо:
„Полициската ограда служи за безбедносни потреби при одржување на јавни собири“, велат од Влада на РМ.
По овој краток одговор, побаравме уште еднаш да ни објаснат – за која цел оградата стои таму веќе неколку месеци, а не за што служи, но не добивме повратен одговор.
Потсетуваме дека Заев со отстранувањето на оградата најави дека има креативни планови.
Од оваа изјава поминаа речиси пет години, а од Влада велат дека оградата сѐ уште се чува во магацинот на касарната „Илинден“ во Скопје.
„Оградата која порано ја оградуваше Владата се чува во магацински простор во касарната „Илинден“ во Скопје. Кога ќе има одлука околу понатамошна намена, благовремено ќе ја известиме јавноста“, посочи Владата.
Инаку, со полициска ограда е опколено и Собранието.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Владата го демантира СДСМ: Шише вода од…
Владата ги отфрли како „невистинити“ и „целосно…
Влада: Обезбедени се над 10 милиони евра…
Владата донесе Одлуката со која се менуваат…
Со 69 гласа изгласани се новите министри…
Собранието попладнево со 69 гласа „за“, без…
Мицкоски: Реконструкцијата на Владата носи нова енергија,…
Државите не ги менуваат своите судбини преку…
Владата донесе одлука за престанок на мандатот…
На денешната седница, Владата ја разгледа и…