Искри во Денвер: Грин му удри шлаканица на Јокиќ
Четвртиот натпревар од серијата меѓу Денвер и Голден Стејт почна со инцидент откако по само 40 секунди игра дојде до голема мешаница.
Во главна улога беше Дрејмонд Грин кој во обид да му избие топка од рацете на Никола Јокиќ, му удри шлаканица на српскиот кошаркар. Ѕвездата на Нагетс бурно реагираше, се вмешаа и другите кошаркари и натпревар беше во прекин неколку минути.
На претходните три натпревари Грин играше одлична одбрана на Јокиќ, но се користеше со секакви средства за да го запре најдобриот играч на противничката екипа. Затоа и не е изненадување она што се случи на почетокот, но Србинот засега одлично се држи и по првото полувреме е најдобар поединец на теренот со 22 поена и 7 скока.
Draymond Green and Aaron Gordon get chippy after Green’s foul on Jokic 🔥
P.S the game just started 👀pic.twitter.com/yINIrHzlIY
— ClutchPoints (@ClutchPointsApp) April 24, 2022
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Невреме и бури ја зафатија Шпанија, во…
102-годишна жена загина, а околу 90 лица…
Ѓорѓиевски најави акција против дивите продавачи низ…
Градоначалникот на Скопје, Орце Ѓорѓиевски, најави дека…
Пронајдени починати двајца мажи во Скопје, еден…
На 02.10.2026 во 05:30 часот во СВР…
Пожар во близина на објект на саудиска…
Чад и оган се забележани денеска во…
Малолетник од Скопје силувал малолетничка, делото го…
Малолетник доби кривична пријава поради сомнение за…