Обичаи за Велигденскиот понеделник: Денес се празнува вториот ден од Велигден

t

Верниците денеска го слават вториот ден од големиот христијански празник Велигден.

Бидејќи Велигден се слави три дена, Велигденскиот понеделник или нарече втор ден на славење, втор ден Велигден.
Тој е исто така ден кога се практикуваат разни обичаи, кои се исти како и за Велигден.

На пример, свеченоста продолжува на Велигденски понеделник, но како што се планира претходниот ден за најблиското семејство, на овој ден пак, домаќини се кумови, роднини и пријатели.

Исто така, на Велигденскиот понеделник според одредени обичаи жените треба да си замислат желба и на глас да ја кажат во вечерните часови со поглед кон небото, а мажите треба да се помолат за здравје и среќа на семејството.

Христовото Воскресение, Велигден се смета за најголем христијански празник, ден кога Исус Христос ја докажал својата божествена моќ и воскреснал од мртвите.

На третиот ден од Христовата смрт до неговиот гроб дојдоа прво жените мироносици и ја најдоа тргната плочата што го затвораше гробот.

Внатре во гробот сретнаа еден пресветол ангел кој им ја кажа веста за Христовото воскресение. Оваа вест оттогаш секоја година ја објавува Црквата низ целиот свет, како најрадосна вест за целиот човечки род.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Русија четврти ден ги напаѓа мостовите во…

Русија четврти ден по ред ги напаѓа…

Девојка од Делчево е тешко повредена, со…

На 04.10.2026 во 05:10 часот во ОВР…

Граѓаните да не купуваат дрва од дрвокрадците,…

Граѓаните да не купуваат дрва од дрвокрадците…

Димитриевски: Со Бугарија ќе разговараме, од македонскиот…

Продолжува отчетот пред граѓаните. По средбите и…

„Безбеден град“ ќе препознава и возење без…

Системот „Безбеден град“ наскоро ќе може автоматски…