(Во живо) Арсовска: Повеќе од 30.000 евра се пренаменети наместо за скапи ручеци и бифтеци за оброци на оние на кои им се најпотребни

t

Градоначалничката во Град Скопје во денешната прва епизода на “Наше Скопје” истакна дека Градот ги пренаменил средствата за скапи ручеци и кафани з алица на кои тоа најмногу им е потребно.

Нападите кон мене започнаа од денот кога кажав дека ќе има одговорност од сите кои незаконски искористиле буџетски средства од Градот. Јас не верувам дека некој друг имал толку многу напади во првите 100 дена и небулози, лаги искажани за да се сокрие вистината, а сето тоа дека јас кажав дека ќе следи одговорност.

Средствата на граѓаните биле злоупотребени и не е важно дали се злоупотребени 1 денар или еден милион. Ние средствата трошени за бифтеци и ручеци ги пренаменивме за оброци за лицата од социјален ризик, за бездомни лица.

Тоа се првично околу 30.000 евра. Соработуваме со голем број на организации кои знаат кое е местото каде овие оброци најмногу ќе помогнат.

Пренаменети се и други средства, нема возење службени возила надвор од работно време. – истакна Арсовска.

Следете ја емисијата во живо на следниот линк: https://www.facebook.com/watch/live/?ref=notif&v=1384157105357593&notif_id=1650911435891017&notif_t=live_video_explicit

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Тешка сообраќајна несреќа утрово во Скопје, целосно…

Тешка сообраќајка незгода во која учествуваа две…

Завршен народен собир на политичката партија Левица…

Завршен народен собир на политичката партија Левица…

ДИВ ЗАПАД: Скопјанец грабнат, претепан, прободен со…

Вчера во 07.40 часот во Полициската станица…

КРИВИЧНА ПРИЈАВА за поранешниот градоначалник на Ѓорче…

Одделот за криминалистичка полиција спроведе предистражни дејствија…