(Видео) Половина од авотбусите на ЈСП Шилегов ги оставил надвор од возна состојба – од 270 автобуси функционални биле само 140!

t

Градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска во емисијата „Наше Скопје“ на Инфомакс потенцираше дека Јавного сообраќајно претпријатие биле девастирано од претходното раководство на Градот Скопје.

Таа открива дека за време на мандатот на екс градоначалникот, Петре Шилегов од 270 автобуси во функција биле само 140 автобуси на ЈСП.

Арсовска потенцираше дека дека за време на корона кризата кога бил намален обемот на работа на ЈСП биле потрошени милиони евра пари на граѓаните.

-ЈСП е девастирано. Тоа значи дека во моментот по изборите беа во функција само околу 140 автобуси од вкупно од 270 автобуси што е фрапантна бројка. Ова се добра во сопственост на Градот Скопје и на крајот на граѓаните. Овие автобуси се оставени во девастирана состојба, не во возна состојба, со вградени несоодтвени делови. Јас не можам да разберам како функционирало претходно со само 140 автобуси. Она што го видовме внатре е фрапантно. Се работи за една институција која треба да биде примарен сервис на граѓаните, се работи за тоа дали граѓаните ќе стигнат на работа или не, дали децата да одат на училиште. Да не збориме колку пари имаат потрошено за време на кризата, потрошени пари како да нема утре во време на пандемија со намален обем на работа.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Српските телевизии ја прекинаа програмата во сеќавање…

Сите телевизии во Србија ја прекинаа програмата…

(Видео) Оро на Прешево, Србите кои чекаа…

Празничниот продолжен викенд создаде долги колони на…

Кавга меѓу Шпанија и Аргентина- сѐ почнало…

Неговата изјава доаѓа откако шпански министер навестил…

Шефот на британската дипломатија: Испраќањето НАТО војници…

Министерот за надворешни работи на Британија Дејвид…

Лајчак: Вучиќ и Курти имаат мандати за…

Специјалниот пратеник на Европската унија за дијалогот…