(Видео) Арсовска: Градската Куќа им беше потребна на скопјани – ќе ни стане јасно на сите зошто е продадена
Сметководствената цена на гратската куќа е 21 милиони евра, 12 милиони евра е продадена, а пазарната цена за 12,500 квадратни метри во централното градско подрачје е далеку повисока истакна градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска во своето гостување во емисијата „Наше Скопје“ на Инфомакс.
Градоначалничката не може да објасни зошто некој би ја продал оваа зграда која беше во сопственост на градот под сметководствената цена и под пазарната цена, а очајно им е потребен на граѓаните, но и на градската администрација.
Таа потенцираше дека во овие моменти поради одлуката на Петре Шилегов да ја продаде Градската Куќа граѓаните немаат каде да се обратат и да добијат соодветна услуга.
-Градската куќа беше нешто кое навистина му треба на градот, на гратската администрација, но и на граѓаните. Граѓаните во овој момент немаат место каде да дојдат, да се обратат и да добијат соодветна услуга имајќи во предвид во кој простории се наоѓа Град Скопје сега. Прво имаме несоодтветна средина за луѓето кои што работат таму, навистина не заслужуваат да работат во такви услови во бараки кои се 50 години стари. Условите не се соодветни ниту за граѓаните. Граѓаните заслужуваат да се обратат во едни простории какви што доликува. Ни треба практично една ваква гратска куќа која не знам зошто беше продадена. Но полека ќе ни стане на сите јасно зошто оваа трансакција е направена, вели Арсовска.
Арсовска, вели дека за продажбата на Градската Куќа е отпочната и соодветна постапка пред истражните и правосудните органи.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Што ја предизвика смртоносната поплава во Непал:…
Дел од глечер на надморска височина од…
Пет активни пожари на отворено, три се…
На територија на државата денеска до 18…
Повеќе од 150 загинати и 600 исчезнати…
Најмалку 157 тела се пронајдени во разорните…
Ужасен напад врз автобус во Украина: девет…
Девет луѓе беа убиени во украински напад…
САД соопштија дека прекинале кинеска хакерска операција
САД соопштија дека прекинале кинеска хакерска операција…