(Во живо) Арсовска: Немам дадено дозвола за сечење на дрвја – Спречивме сеча на преку 120 дрвја на “Васко Карангелески”
Градоначалничката на Град Скопје, во денешната епизода на “Наше Скопје” истакна дека нема дадено дозвола за сечење на дрвја во Градот.
“Зборуваме за опција која вистина не кажала многу одамна, ама нивното време од аспект на локална власт заврши. Наше е да работиме во нашиот мандат. Не е исклучива надлежост на Градот да се грижи за животната средина, ние немаме ни средства ни човечки ресурси, а имаме Министерство за животна средина. И нема да ни кажат благодарам за тоа што ја работите нашата работа туку еве не исчисти три депонии.
Немам дадено дозвола за сечење на дрвја, на “Васко Карангелески” успеавме да превенираме сеча на повеќе од 100 дрва и тоа стогодишни. Од претходното раководство беше предвидено да се сосечат околу 120 дрва за да се реконструира улицата.
Тоа што го направивме е за најдоброто на Градот. Тој дрворед од стогодишни дрва е зачуван на голема радост и на барање на граѓаните. Од другата страна имаше самоизраснати дрва. Дрвата беа пресадени на друга локација, а едно дрво ќе биде рачно отстрането бидејќи има голем број на кабли таму.
Со Шумарскиот факултет склучивме меморандум за соработка кадешто ќе се ревидираат сите барања за сеча. – објасни Арсовска.
Следете ја емисијата во живо на следниот линк:https://www.facebook.com/watch/live/?ref=notif&v=1384157105357593¬if_id=1650911435891017¬if_t=live_video_explicit
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Парада на гордоста во Скопје на 21…
Шестата по ред Парада на гордоста ќе…
Град Скопје ги фати: Приватна фирма копала…
Инспекторатот на Град Скопје соопшти дека денеска…
Скопјанка измамена за 232 илјади денари, и…
Осумдесет и осумгодишна жена од Скопје пријавила…
Изгорел склад за градежни материјали во Скопје
Пожар избил вчераутро во стовариште за градежни…
Невреме со дожд и град го зафати…
Попладнево Скопје беше зафатен од силно невреме…