Објавено на:

(Видео) СТРАШНА НЕСРЕЌА ВО БУРСА: Авион се урна на сред улица, има мртви!

t

Две лица загинаа во падот на мал авион за обука во централниот дел на турската провинција Бурса, изјави денеска локалниот функционер Јакуп Чанболат, пренесоа турските медиуми.

Авионот, кој се користел за обука за летање, удрил во улица во селото Багларбаси во близина на аеродромот Јунусели во провинцијата. На земја нема повредени.

Во соопштението на локалните власти се наведува дека во авионот биле само пилотот и копилотот. Камерата во близина успеала да го сними моментот кога се урнал авионот кој паднал во населениот дел на Бурса. По несреќата жителите побрзале да излезат од домовите на улица, а од местото каде што паднал авионот извирал чад.

Локалниот функционер Јакуп Чанболат истакна дека во авионската несреќа се оштетени две куќи и две возила, како и дека во тек е истрага за причините за несреќата, но засега се претпоставува дека се работи за техничка грешка.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Форма на туризам? Австрија ќе испраќа осуденици…

Австрија сака да изнајми косовски затвор каде…

Зеленски: Светот го преспа повторното раѓање на…

Украинскиот претседател Володимир Зеленски и се обрати…

Германија: Зачестени напади против локални политичари

Насилниот напад врз политичар на СПД во…

ОБСЕ на терен: Над 300 набљудувачи го…

Со повеќе од 300 набљудувачи од 25…

Носете си чадор: Денеска облачно со пороен…

Променливо облачно, попладне и во вечерните часови…