(Во живо) Арсовска: Мега паркот во Ѓорче Петров е прв ваков во Скопје – Пречистителната станица е најголем еко-капитален проект во регионот!

t

Во денешната епизода на “Наше Скопје” градоначалничката Данела Арсовска истакна дека мега-паркот во Ѓорче Петров и пречистителната станица за отпадни води се едни од најголемите проекти во Градот Скопје, а пречистителната станица е и најголем регионален еко-капитален поект.

“Мега- паркот во Ѓорче Петров е еден од петте големи проекти во Скопје, такво нешто досега немало во Скопје. Досега бевме посветени на тоа да изготвиме еден проект кој ќе ги задоволи сите потреби и стандарди на граѓаните.

Сега се финализира документацијата, се работи во две фази, верувам дека отприлика за еден месец може да се почне на терен да се работи.

Сакаме Скопје да биде едно поубаво место за живеење, да биде чисто и секоја зима да не се плашиме да излеземе надвор, имаме над 100.000 садници кои гтреба да се садат секоја година во Скопје, чистење на диви депонии, превенирање со санкционирање на сторителите, но и важно е што комплементарно се надополнува се ова со проекти како пречистителната станица.

Тоа значи дека за 36 месеци од отпочнување на овој проект, мислам дека во септември треба да отпочне, по завршувањето ќе бидат над 90% прочистени сите урбани отпадни води во Фрадот Скопје. Веќе нема Вардар да го гледаме матен и се што е во делот на отпадните води ќе биде над 90% прочистено.

Ова е регионално најголемиот еко-капитален проект. – истакна Арсовска.

Следете ја емисијата во живо на слениот линк: https://www.facebook.com/watch/live/?ref=notif&v=1384157105357593&notif_id=1650911435891017&notif_t=live_video_explicit

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Тешка сообраќајна несреќа утрово во Скопје, целосно…

Тешка сообраќајка незгода во која учествуваа две…

Завршен народен собир на политичката партија Левица…

Завршен народен собир на политичката партија Левица…

ДИВ ЗАПАД: Скопјанец грабнат, претепан, прободен со…

Вчера во 07.40 часот во Полициската станица…

КРИВИЧНА ПРИЈАВА за поранешниот градоначалник на Ѓорче…

Одделот за криминалистичка полиција спроведе предистражни дејствија…