Нуклеарната централа Запорожје повторно под закана: Украина очекува катастрофа доколку руските проектили не престанат да ја гаѓаат
Украинската државна компанија за нуклеарна енергија „Енергоатом“ соопшти дека руски ракети денеска летале ниско над најголемата европска нуклеарна централа во Запорожје, јужна Украина и ги повтори предупредувањата дека руската инвазија може да доведе до „нуклеарни катастрофи“.
Енергоатом денеска издаде најново предупредување за ризиците предизвикани од војната со Русија на 36-годишнината од најтешката нуклеарна несреќа во светот во сега затворената централа во Чернобил.
Компанијата нагласи дека крстосувачки проектили летале над нуклеарната централа Запорожје за време на воздушен напад кога во градот била погодена комерцијална зграда, според локалните власти, при што загинало најмалку едно лице.
Како што беше претходно најавено, уште едно лице е повредено кога две ракети погодиле една компанија и оштетиле инфраструктурни објекти, а третата експлодирала во воздух.
– Ракетите кои летаат на мала височина директно над локацијата на нуклеарната централа во Запорожје, каде што има седум нуклеарни постројки со огромно количество нуклеарен материјал, претставуваат голем ризик, изјави Петро Котин, в.д. шеф на Енергоатом. (МИА)
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
САД одобрија можна продажба на опрема за…
Пакетот што го побарала украинската влада опфаќа…
ЕУ предлага санкции за една банка и…
Европската комисија предложила воведување санкции за една…
Чупиќ за германски медиуми: Србија нема да…
„Во нашата изборна програма јасно ставивме до…
Русија подготвува нуклеарен сателит што може да…
Русија го завршила склопувањето на сателит опремен…
Видео: Украински пилот со авионски топ собори…
Украинското воено воздухопловство објави снимка од кокпитот…