Лавров кон Гутереш: Се’ се случува поради неконтролираното ширење на НАТО
Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров денеска изјави дека го информирал генералниот секретар на ОН Антонио Гутереш дека ситуацијата во врска со Украина во голема мера е резултат на неконтролираното ширење на НАТО.
– Како што гледаме, и тоа денеска му го објаснив на нашиот колега и пријател Антонио Гутереш, оваа ситуација е резултат на политиката на неконтролирано ширење на НАТО и инсистирање на монополарен свет, што го спроведуваат нашите американски колеги и нивните сојузници, рече Лавров на прес-конференцијата по средбата со генералниот секретар на ОН.
Тој додаде дека во фокусот на разговорите со генералниот секретар на ОН била ситуацијата во Европа, вклучително и настаните поврзани со Украина и самопрогласените републики Доњецк и Луганск и дека до оваа состојба „не се дошло вчера”.
Рускиот министер за надворешни работи рече дека Русија е посветена на дипломатско решение на конфликтот во Украина, но го отфрли предлогот на Киев за одржување мировни преговори во украинскиот пристаништен град Мариупол, додавајќи дека е премногу рано да се зборува за тоа кој ќе посредува во какви било преговори.
Лавров изрази благодарност до генералниот секретар на ОН и неговиот тим за разбирањето на потребата „да се гледа ситуацијата во и околу Украина во контекст на глобалните процеси, а не изолирано од нив, и за препознавањето на трендовите во тие процеси кои земаат замав и не се секогаш во согласност со идеалите на ОН и со принципите содржани во Повелбата на ОН”, пренесоа руските медиуми.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
ОН: Човештвото доживува климатски колапс
Рекордно високите температури треба да послужат како…
Гутереш: Многу загинати цивили во Газа, нешто…
Бројот на загинати цивили во Појасот Газа…
Гутереш: Жалам што наместо пауза, Израел ги…
Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш го…
Гутереш: Шокиран сум како моите зборови се…
Генералниот секретар на Обединетите нации Антонио Гутереш…
Лавров: Забраната за влез на автомобили со…
Министерот за надворешни работи на Русија Сергеј…