Хрватскиот премиер му врати на претседателот: Ако си фраер блокирај ги Шведска и Финска сам

t

Хрватскиот претседател Зоран Милановиќ се чини дека предизвика нов дипломатски скандал. Милановиќ денеска предложи Хрватска да го блокира влезот на Финска и Шведска во НАТО додека не се реши прашањето за изборниот закон во БиХ.

Високите функционери во Финска и Шведска се огорчени од ваквата изјава на хрватскиот претседател.

Финскиот министер за надворешни работи Пека Хависто денеска му се јавил на својот хрватски колега Гордан Грлиќ Радман и изразил загриженост, а истото за утре го најави и шведската министерка за надворешни работи Ен Линде, неофицијално дознава хрватски Индекс.

Што изјави Милановиќ за Финска и Шведска?

Милановиќ денеска пред новинарите изјави дека може да се разговара за влезот на Финска и Шведска во НАТО, но дека тоа го смета за „многу опасна авантура“. Претседателот рече дека не може формално да одлучува за влез на тие земји во НАТО, но дека тоа го смета за „многу опасно шарлатанство“.

„Што се однесува до мене, нека влезат во НАТО, нека ја забодат бесната мечка во очи. Но додека не се реши прашањето за изборниот закон во БиХ, додека Американците, Британците, Германците, ако можат и ќе ги принудат Сараевчани и Бакир Изетбеговиќ да го променат изборниот закон во следните шест месеци и да не им дадат на Хрватите основни права, парламентот не смее да ратификува ничиј прием во НАТО“, рече хрватскиот претседател.

Пленковиќ реагираше

Одговор на ваквите изјави на Милановиќ даде и хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ. Тој вели дека Милановиќ на состанокот на НАТО може да се обиде да го блокира зеленото светло за влез на Шведска и Финска во тој сојуз, доколку е „фраер“.

„Нека се обиде да го блокира нивниот влез во НАТО како човек што седи на тие самити. Зошто дозволува парламентот да го направи тоа ако е толкав фраер“, рече Пленковиќ.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Милановиќ: Израел ги изгуби моите симпатии

Ги осудив убиствата, дури и изразив згрозеност…

Милановиќ: Европа на Макрон со повеќе брзини…

Ако ЕУ продолжи да инсистира да бидат…

Пленковиќ казнет 400 евра поради несовпаѓање на…

Премиерот на Хрватска Андреј Пленковиќ денеска е…