Се затвора Ургентниот центар на Клинички до јули

t

Главниот Ургентен центар во државата од идната недела до јули наместо со пациенти ќе биде полн со градежни работници, објави Сител телевизија.

Поради реновирање установата ќе функционира со намален капацитет. Директорот на ТОАРИЛУЦ уверува дека и за време на реновирањето ќе се примаат итните случаи.

Влезот за амбуланските возила ќе биде од страната на Стоматологија, а прегледите ќе се вршат во трите амбуланти на Трауматологија.

-Апсолутно ќе функционира Ургентниот центар како што функционирал до сега, во помал обем, но сепак ќе бидат згрижени сите пациенти. Така да планираме тоа да трае еден до два месеци и преземени се сите активности за да нема несакани проблеми, изјави Д-р Александар Трајановски, директор на ТОАРИЛУЦ за Сител.

Дневно низ Ургентниот центар поминуваат 100-тина пациенти. Тука ги примаат и најголем дел од повредените во разни несреќи од целата држава.

Трајановски вели дека и додека трае реновирањето вработените ќе си бидат на работните места, но доколку има наплив на пациенти било договорено тие од внатрешноста ќе ги носат во ГОБ 8 септември, а итните случаи од Скопје во Старата градска болница.

-Договорено е доколку има наплив на пациенти да се пренасочат во тие две установи додека трае реновирањето, вели Д-р Трајановски.

Веќе две недели затворена е и Инфективната клиника поради темелно чистење, а вработените се на колективен одмор.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Еве какво време не очекува денес

Времето денеска ќе биде променливо облачно и…

Сијарто: Судирот во Украина мора да заврши…

– Војната претставува сè поголеми предизвици поради…

Даштевски: Очекувам првичните резултати од двојните избори…

Државната изборна комисија (ДИК) е подготвена за…

Црвенковски одлучи да се затвори дома и…

Неприфатлив e молкот на поранешниот претседател Бранко…

Украински разузнавач: На крајот ќе мора да…

Украина ќе мора да стапи во преговори…