Левица: Во родното село на Талат истакнато само албанското знаме – ова е казниво дело!

t

Во гостиварското село Форино, кое воедно е родното село на Претседателот на Собранието Талат Џафери, е истактнато албанско знаме од барем 10 метри на плоштадот на селото – во спротивност на Уставот и Законот за употреба на знаминњата на заедниците во Република Македонија.

Имено, станува збор за самостојно истакнато албанско знаме во центарот на с. Форино, без притоа до него да е истакнато македонското знаме, како што се превидува со Законот за употреба на знамињата на заедниците во Република Македонија.

▪️ Според чл. 5 од Уставот на Република Македонија, Државни симболи на Република Македонија се: грб, знаме и химна.

▪️Според Законот за употреба на знамињата на заедниците во Република Македонија, при истакнување на знамето на другите етнички заедници на плоштади и други јавни места, мора да биде истакнато и знамето на Република Македонија.

Истакнувањето само на албанското знаме, без притоа до него да се истакне и македонското, во соглсност со одредбите на гореспоменатиот закон претставува казниво дело.

📣 Дополнително, оваа постапка на локалните власти е доказ за беззаконието кое владее во оваа држава, и своевидна провокација со цел да се подгреат етнички тензии.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Србија дала над 110.000 евра на здруженија…

Од 2023 година, Управата за дијаспора на…

И неговите се свртеа против Еди Рама…

Сопартијката на албанскиот премиер Еди Рама, Елиса…

Претставници на Шкендија Арачиново беснееле во соблекувалната…

Фудбалската федерација на Македонија се огласи по…

1.500 европски војници ќе тренираат во Полска…

Европските држави ќе одржат воена вежба за…

Зеленски: Можна е средба меѓу Украина, САД…

Украина, Соединетите Американски Држави и Русија би…