En Marche! En route! Заев од Струмица му го честиташе новиот мандат на Макрон
Поранешниот премиер Зоран Заев денеска ја искористи трибината во Струмица организирана од Амбасадата на Франција за да му го честита новиот мандат на претседателот на Франција, Емануел Макрон.
-En Marchе! En route! Постојано се навраќам и се сеќавам на убавиот спомен и на пораката “По патот, напред!” испишана со негов ракопис на една од нашите средби.
Кога треба да се донесе одлука меѓу либерализам наспроти конзервативизам, ние левичарите имаме само еден избор – тоа е либерализамот – слободата, отвореноста, современоста.
Во мојот говор во Атина пред неколку дена реков дека ја оспорувам тезата дека десницата или крајната десница владеела со Европа. Ниту Макрон во Франција е десница ниту партијата на Голоб во Словенија која ги доби парламентарните избори во неделата е десница, напиша Заев на Фејсбук.
Тој додаде дека се радува на овие гласни крикови кои носат победа на европската слобода.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Макрон: Украина да не се радува премногу…
Францускиот претседател рече дека за време на…
Макрон е подготвен да го обнови дијалогот…
Доколку претседателот Путин има сериозни предлози и…
Макрон: Масовна копнена операција во Газа би…
Францускиот престедател Емануел Макрон изјави дека било…
Средба Макрон – Херцог во Ерусалим
Ние сме посветени да ги надминеме, и…
Груевски открива дека Заев има бизниси во…
Иако во минатото во повеќе наврати кажав…